Крајниот рок за визна либерализација за Косово поместен за 1 декември 2023
Рокот за укинување на Шенген визите за Косово се поместува од 1 ноември на 1 декември 2023 година, и тој датум би бил дефинитивен, без разлика дали дотогаш ќе профункционира Европскиот систем за информации и овластувања за патување (ЕТИАС). Чешкото претседателство со Европската унија (ЕУ) подготви нова предлог-одлука за визна либерализација за Косово, во која датумот на кој визната либерализација ќе почне да се применува е поместен од 1 ноември за 1 декември следната година. Радио Слободна Европа имаше увид во предлог-одлуката. Читать дальше...