Студентите и власта задоволни - низ работни групи ќе се крчка студентскиот оброк
Студентите и властите се договорија, студентскиот оброк ќе се исплаќа како и досега, при што си дадоа рок до 15 март низ работни групи да дојдат до ново решение. За студентските домови, Министерството за економија ќе проверува дали има можност да се исклучат од мерките за штедење.