Предвремени парламентарни избори во Ирска
Повеќе од 3,6 милиони луѓе имаат право да гласаат во 43 изборни единици за Долниот дом на ирскиот Парламент, што има 174 места. На овие избори учествуваат над 680 кандидати.
Најверојатниот исход од изборите е враќање на власт на централно-десничарската влада на партиите Фајн Гаел и Фиана Фајл, но трката е се поизедначена и Шин Феин, кој сака да ја обедини Ирска, исто така има шанса за власт.
Независните кандидати, велат експертите, може многу да влијаат на исходот од изборите.
Изборите се предвремени со оглед дека редовните требаше да се одржат напролет следната година.
Ирските гласачи последен пат излегоа на гласање во февруари 2020 година, кога Фиана Фајл освои најмногу места. Партијата формираше коалиција со владејачките партии Фајн Гејл и Партијата на зелените.
Актуелната влада е предводена од 38-годишниот Сајмон Харис (Фајн Гејл), кој ја презеде партијата. Иако партијата беше само трета на изборите, благодарение на него, кој важи за вешт во медиумската презентација и комуникација, успеа да ја зголеми поддршката на пролетните европски и локални избори.
Кога беа распишани изборите, таа пробизнис и социјално прогресивна партија водеше на анкетите со поддршка од околу 25 проценти, но по серијата јавни пропусти во кампањата во последните денови, таа падна за цели шест процентни поени во едно истражување на јавното мислење.