Во Турција осуден судија, добитник на награда за заштита на човековите права
Арслан, кој се наоѓа во притвор 22 месеца, осуден е за членство во вооружена терористичка организација, откако беше обвинет за употреба на шифрирани апликации за размена на пораки Бајлок.
Тој ги негираше обвиненијата и рече дека каков било доказ дека тој ја користел апликацијата е „измислен“.
Турските власти, по неуспешниот државен удар, уапсија 77.000 лица, а отпуштија од работа или суспендираа повеќе од 150.000 лица.