Борисов: Со Каракачанов имаме ист став, Македонија во ЕУ и НАТО
Вицепремиерот Каракачанов пред десетина дена изјави дека е неприфатливо земјава да мисли дека едноставно ќе ја искористи Бугарија само за влез во Европската Унија, коментирајќи ја изјавата на претседателот Стево Пендаровски дека меѓудржавната Комисија за историски и образовни прашања меѓу двете земји не мора да има краен рок за својата работа.
„Јас пак велам дека на 17 октомври Бугарија не треба да брза да даде зелено светло за почеток на преговори за членство на Македонија се додека не бидат расчистени сите фалсификати на историјата“, рече тогаш Каракачанов.
На 30 септември бугарскиот државен врв одржа консултативната средба кај претседателот Румен Радев, на која присуствуваа Борисов, Каракачанов и вицепремиерката и шефица на дипломатијата Екатерина Захариева. По средбата Борисов нагласи дека Софија секогаш истакнувала дека Северна Македонија може да смета на неа на патот кон ЕУ, но никогаш не кажала дека безусловно го поддржува нејзиниот прием.