Иран не ја привел руската новинарка поради шпионажа, Москва чека објаснување
„Нејзиниот случај не беше поврзан со шпионажа. Иранските власти направија брз преглед на случајот на Јузик“, рече портпаролот Али Рабии, без да открие повеќе детали за проблемот со визата на руската новинарка.
Министерството за надворешни работи на Русија во петокот го повика иранскиот амбасадор во Москва поради приведувањето на новинарката, а денеска соопшти дека се надева оти Јузик наскоро ќе биде на слобода, пренесе Ројтерс.
„Се надеваме дека таа брзо ќе биде ослободена и дека ќе ги добиеме потребните објаснувања“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Во телефонски разговор со мајка ѝ по приведувањето, Јузик рекла дека безбедносните сили влегле во нејзината хотелска соба и ја привеле под сомнение дека имала врски со израелските разузнавачки служби, изјави нејзиниот поранешен сопруг, Борис Војцековски.