Американската војската почна да се повлекува од северна Сирија
Ројтерс цитираше неименуван официјале претставник на САД кој кажува дека силите на САД се евакуираа од две места за набудување во Тел Абијад и Рас ал-Аин.
Сириската опсерваторија за човекови права, потврди дека американските сили се повлекле од клучни позиции во двете области.
„Американските сили се повлекоа од пограничните области со Турција“, се вели во соопштението на сириските демократски сили (СДФ) предводено од Курдите.
Турција со месеци се закануваше дека ќе започне воена операција преку својата граница со Североисточна Сирија, велејќи дека сака да создаде „безбедносна зона“ таму.
Белата куќа соопшти дека Соединетите држави ,, нема да „поддржат или да бидат вклучени“ во операцијата и дека „ повеќе нема да бидат во непосредната област".