Во карантин бегалскиот камп кај Кукуш во Грција
Дополнително не се објаснети причините, меѓутоа според грчките медиуми, во изминатите денови бил регистриран позитивен случај на КОВИД-19 кај бремена жена, која престојува во кампот.
Од надлежното Министерство, соопштија и дека до 21 јуни 2020 година се продолжуваат мерките за спречување на ширењето на новиот коронавирус во три други бегалски кампови како и во центрите за прием и регистрација на бегалци и мигранти што се наоѓаат на островите.