Убиен шефот на Ал-Каеда на Магреб
Тој бил убиен во четвртокот во близина на границата со Алжир.
Министерката за одбрана Флоранс Парли на Твитер напиша дека се „неутрализирани и повеќемина негови соработници“.
„Абделмалек Друкдал, член на главниот штаб на Ал-Каеда, командуваше и со групите во северна Африка и во Сахел, меѓу кои е главната терористичка група на тоа подрачје“, наведе Парли.
На Друкдал, лидер на Ал-Каеда на исламски Магреб, сениоритетот му го признаваа бројни исламистички организации активни во Сахел во рамки на таканаречената Група за поддршка на исламот и муслиманите.
Исто така е објавено дека француските сили заробиле „важен член на Исламската држава Голема Сахара“, група која официјален Париз ја означи за главен непријател.