Вулканот Етна исфрли чад и пепел, накратко затворајќи го аеродромот
Облакот од пепел се издигна 10 километри (6,2 милји) во воздухот над кратерот југоисточно од вулканот, објави на Твитер Националниот институт за геофизика и вулканологија.
Како што пренесува Ројтерс, меѓународниот аеродром Винченцо Белини во Катанија, кој се наоѓа во близина на вулканот, беше затворен околу два часа.
Пепелта ги покри патиштата, балконите и покривите во блиските градови, соопшти италијанската агенција за цивилна заштита.
Се разбуди вулканот Етна
Од Националниот институт соопштија дека забележале постепен пораст на вулканско-сеизмичките потреси предизвикани од гасовите што излегуваат, што може да биде знак дека Етна се движи кон уште еден спектакуларен излив на огнена лава.
Со 3.324 метри Етна е највисокиот активен вулкан во Европа и често еруптира во изминатите 500.000 години.