Пратениците дебатираат за избор на новите министри
Претседателот на Собранието Талат Џафери изјави дека за изборот на членови на Владата дискусијата е заедничка, додека гласањето ќе биде за секој предлог посебно.
Пред почетокот на 104 седница за владина реконструкција во Собранието се одржа седница за пратенички прашања. Претходно на пладне пратениците со 65 гласа „за“ ги разреши министрите кои доаѓаа од Алтернатива, партија која по влезот на Алијанса за Албанците ја напушти владината коалиција. Станува збор за министрите за здравство Беким Сали, за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и министерот без ресор задолжен за дијаспора Џемаил Чупи.
Пред десет дена пратениците ги констатираа оставките на министрите за правда Никола Тупанчевски и за животна средина Насер Нуредини, како и на замениците-министри за здравство Владимир Рендевски и за правда Агим Нухиу.