Ковачевски се сретна со партијархот Вартоломеј
Како што е наведено на сајтот на Вселенската патријршија, премиерот Ковачевски бил примен од Севселенскиот патријарх Вартоломеј, со кого имал прилика да разговара за теми од заеднички интерес.
Ковачевски го посети и се поклони во Патријаршискиот храм посветен на Светиот Георгиј Победоносец, стои на сајтот на Вселенската патријаршија.
Претходно во март претседателот Стево Пендаровски се сретна со Севселенскиот патријарх Вартоломеј.
По повеќе од половина век минатата година МПЦ се врати во канонско единство со останатиот православен свет и доби томос за автокефалност од Српската православна црква. Со тоа заврши црковниот раскол почнат уште во 1967 година, кога МПЦ еднострано прогласува автокефалност од Српската православна црква.