Мардок се повлекува од директорското место на „Фокс“ и „Њуз корп“
Мардок во соопштението до вработените вели дека е вистинско време за него да презеде поинакви улоги.
Тој го лансираше Фокс каналот во 1996 година. Денеска тоа е најгледаниот ТВ канал кој емитува вести во Соединетите Американски Држави (САД).
Мардок од средината на ноември ќе ја има улогата на претседател емеритус на двете компании, соопштија од Фокс.
Лаклан Мардок рече дека се благодарни што тој ќе остане почесен претседател и дека знаат оти ќе продолжи да дава ценети совети за двете компании.
Руперт Мардок ја започнал својата кариера во родната Австралија во педесеттите години на минатиот век, во 1969 година воспоставил контрола над весниците Њуз оф ворлд“ (News of the World) и „Сан“ (The Sun) во Велика Британија.
Подоцна презеде неколку американски весници, вклучувајќи ги Њујорк Пост и Волстрит журнал. Преку Њуз корп, тој сè уште поседува стотици локални, национални и меѓународни медиуми.