Мицкоски: Нема да дозволам да победи корумпираниот систем
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека ќе се разгледаат и испитаат од страна на институциите сите аспекти и сите проблеми кои доведоа до трагедијата во Кочани. Според него ова како што рече ќе се случува без „скрупули кон никого“. Мицкоски истакна дека ќе се испитаат аспектите на контрола и се она која јавноста оправдано го детектира, како проблем и предизвик на општеството.
„Јас сум одлучен и ќе постапувам одлучно. Ќе има решителни чекори и одлуки, ќе има чекори на кои јавноста не е навикната, но промените почнуваат од нас самите“, рече Мицкоски.
Мицкоски истакна дека ги слушнал пораките од опозицијата и посочи дека не сака да се политизира овој настан во смисла на тоа дека некој се обидува да набеди друга партија за одговорност.
„Ова не е меѓупартиска битка помеѓу ВМРО – ДПМНЕ, СДСМ, туку ова е битка на чесните против нечесните и корумпирани од сите партии и од сите институции. Ова го зборувам за сите чесни луѓе во Македонија и во ВМРО – ДПМНЕ и во СДСМ, и во Вреди и во ДУИ и во сите други партии кои искрено сакаат државата да има ред и поредок. Без разлика на идеолошките разлики мора да се стави крај на корупцијата и да се срозат корумпирани и раскалшени луѓе кои ги злоупотребуваат институциите, исто како што тие го гзрозија и прегаизја ова што денеска го гледавме, а тоа се нашите души. Ова е борба против чудовиште кое ја проголтува иднината на земјата и зема сосема жртви, ги зема најмилите, рече меѓу другото премиерот Мицкоски.
Тој исто како и министерот за внатрешни повтори дека дискотеката имала фалсификувана лиценца, на која датумот на важење и истекол пред два дена. Во одговор на новинарски прашања рече дека не гледа вина во актуелниот директор на Државниот пазарен инспекторат, туку во системот кој рече дека е корумпиран и дека нема да дозволи тој да победи.