Добавить новость
World News

Новости сегодня на DirectAdvert

Новости сегодня от Adwile

Прават ли Албанија, Хрватска и Косово воен сојуз?

Косово и двете земји од регионот на Западен Балкан кои се дел од Организацијата на Северноатлантскиот договор (НАТО), Албанија и Хрватска, оваа недела потпишаа декларација за продлабочување на соработката во областа на одбраната и безбедноста.

Без конкретни детали, министрите за одбрана на трите земји порачаа дека ќе ја зголемат интероперабилноста на нивните армии преку едукација, обука и заеднички вежби, како и дека ќе се вклучат во борбата против хибридните закани, но и ќе ги координираат политиките за евроатланска интеграција.

Србија го сметаше тоа за чекор што ја „поткопува регионалната стабилност“ и како закана за нејзиниот „територијален интегритет“, додека Косово рече дека иницијативата не треба да се гледа како закана за никого, туку дека треба да се прифати како порака дека трите држави ќе бидат обединети пред секој предизвик или закана.

Безбедносните експерти во Приштина и Белград не ја гледаат декларацијата како чекор кон формирање формален одбранбен сојуз, како што е НАТО.

Што ги обединува трите земји?

За Рамадан Илази, раководител на истражување во Косовскиот центар за безбедносни студии, значењето на оваа декларација лежи во фактот што таа дојде во време кога е зголемена непредвидливоста на постоечките безбедносни сојузи во светот.

Тој ја гледа иницијативата како чекор кон зајакнување на алтернативите или стратешките сојузи, за Косово да напредува во однос на одбраната, бидејќи сè уште нема јасен пат кон членство во НАТО.

„Не сум оптимист дека оваа алијанса го означува почетокот на создавањето формален одбранбен блок, туку напротив нова група држави во Европа кои ги делат истите грижи или исто толкување на безбедносната ситуација во Југоисточна Европа“, изјави Илази за Радио Слободна Европа.

Илази смета дека мировната мисија на НАТО на Косово, КФОР, но и самата алијанса, ќе бидат чадор за оваа соработка, бидејќи не мисли дека Албанија и Хрватска ќе дејствуваат спротивно на интересите на НАТО во регионот.

Официјален претставник на НАТО за Радио Слободна Европа изјави дека Албанија и Хрватска постојано придонесуваат за регионалната стабилност, вклучително и преку КФОР.

Запрашан за новата иницијатива, функционерот рече дека алијансата „е запознаена со тоа“, но дека потписниците на декларацијата треба да кажат повеќе околу тоа.

„Иако нема форма на меѓународен договор, иницијативата со политичка волја на партиите може да доведе до „меки политички акции“, смета Вук Вуксановиќ, експерт за безбедност во белградскиот Центар за безбедносна политика.

Тој за Радио Слободна Европа изјави дека балканската соработка делумно е поттикната од предупредувањата за можно намалување на „американската посветеност кон НАТО доколку Европејците не инвестираат повеќе во својата одбрана“.

Според Вуксановиќ, во средина каде што НАТО не се повлекува, туку „ослабува, може да се случи поединечни земји да формираат неформални групи за соработка“.

Косово, Албанија и Хрватска посочија дека иницијативата може да се прошири на нови членки, иако не ги спомнаа имињата на земјите.

Србија, сепак, посочи дека една од тие земји би можела да биде Бугарија. Бугарската влада не одговори на барањето на Радио Слободна Европа за коментар.

Дури и ако се додадат други земји, Илази не мисли дека оваа група оди кон создавање воен сојуз кој ги застапува принципите на НАТО, како што е колективната одбрана.

Зошто Србија се противи на иницијативата?

Белград побара објаснување од Тирана и Загреб во врска со намерите на иницијативата, наведувајќи дека Србија „нема да дозволи еднострани дејствија кои можат да го загрозат нашиот територијален интегритет, безбедноста на граѓаните и мирот во регионот“.

Реагираше косовското Министерство за надворешни работи и дијаспора, наведувајќи дека ваквото однесување на Србија претставува ново кршење на Бриселскиот договор, „со кој јасно се утврдува дека Србија нема да се меша во меѓународните односи на Косово“.

Во меѓувреме, Хрватска објави дека помина времето кога Загреб бара од Белград дозвола за да дејствува и со кого да соработува.

За Вуксановиќ, Србија најверојатно оваа иницијатива ја гледа како „политичка провокација од Загреб“.

Според него, владата во Белград може да го искористи овој развој на настаните за да го оттргне вниманието од политичката ситуација во Србија и протестите кои таму се одржуваат веќе неколку месеци.

Дури и Илази смета дека острата реакција на Србија е едноставно последица на вмешаноста на Хрватска, која водеше војна за независност од поранешна Југославија во 1990-тите.

Тој, сепак, смета дека трипартитната соработка е поттикната од истата идеја дека Русија врши малигно влијание во регионот и дека автократските режими во регионот претставуваат закана за стабилноста на Балканот - обвинувања кои исто така постојано ги упатуваа косовските власти.

Оценувајќи дека Косово ќе има голема корист од искуствата на двете земји од НАТО, како и од различните обуки, сепак Илази изразува скептицизам во однос на спроведувањето на иницијативата, потсетувајќи на ниското ниво на имплементација на претходните договори меѓу Приштина и Тирана.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media









103news.com — быстрее, чем Я..., самые свежие и актуальные новости Вашего города — каждый день, каждый час с ежеминутным обновлением! Мгновенная публикация на языке оригинала, без модерации и без купюр в разделе Пользователи сайта 103news.com.

Как добавить свои новости в наши трансляции? Очень просто. Достаточно отправить заявку на наш электронный адрес mail@29ru.net с указанием адреса Вашей ленты новостей в формате RSS или подать заявку на включение Вашего сайта в наш каталог через форму. После модерации заявки в течении 24 часов Ваша лента новостей начнёт транслироваться в разделе Вашего города. Все новости в нашей ленте новостей отсортированы поминутно по времени публикации, которое указано напротив каждой новости справа также как и прямая ссылка на источник информации. Если у Вас есть интересные фото Вашего города или других населённых пунктов Вашего региона мы также готовы опубликовать их в разделе Вашего города в нашем каталоге региональных сайтов, который на сегодняшний день является самым большим региональным ресурсом, охватывающим все города не только России и Украины, но ещё и Белоруссии и Абхазии. Прислать фото можно здесь. Оперативно разместить свою новость в Вашем городе можно самостоятельно через форму.

Другие популярные новости дня сегодня


Новости 24/7 Все города России



Топ 10 новостей последнего часа



Rss.plus


Новости России







Rss.plus
Moscow.media


103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости




Спорт в России и мире



Новости Крыма на Sevpoisk.ru




Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России