Добавить новость
World News

Новости сегодня на DirectAdvert

Новости сегодня от Adwile

Еврокомесарката Кос во Скопје, власта со порака дека сака поскора интеграција во ЕУ

Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска (30 јуни) попладне пристигна во Скопје каде одржува билатерални средби со лидерите од земјите од регионот, додека утре (1 јули) ќе биде дел од Самитот ЕУ – Западен Балкан посветен на Планот за раст.

Кос, која на скопскиот аеродром ја пречека министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија Тимчо Муцунски, веќе ја одржа првата средба со македонската делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски.

„На средбата се разговараше за европската перспектива на регионот, со фокус на спроведувањето на реформите, реализацијата на Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан и унапредувањето на соработката со европските институции. Ја истакнав цврстата определба на Владата за интеграција во ЕУ, достоинствено и преку спроведување на суштински реформи во областите на владеењето на правото, економскиот развој и дигиталната трансформација“, посочи Мицкоски по средбата.

Во соопштението кое го објави премиерот на социјалните мрежи се наведува и оти „Кос ја поздрави реформската агенда на Владата и ја потврди поддршката на Европската комисија за напредокот на регионот на европскиот пат“.

Со слично соопштение излезе и шефот на македонската дипломатија кој наведе дека како Влада ги реафирмирале ставовите и позициите „за потребата од што поскора интеграција на во европското семејство и за одбивање на непринципиелните и неевропските услови кои го отежнуваат тој пат“.

„Нашата држава активно ја спроведува реформската агенда, потписник е на Партнерството за безбедност и одбрана со Унијата, и е целосно усогласена со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, што претставува уште една силна потврда за европските темели на кои се гради нашето работење во изминатата година“, додаде Муцунски.

Од Дирекцијата за проширување и добрососедство на Европската комисија, пак, само кратко објавија дека Кос пристигнала во Скопје за да се сретне со лидерите од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија.

„Тие ќе разговараат за Планот за раст за Западен Балкан, фокусирајќи се на тоа како да се унапредат реформите и да се забрза нивната интеграција во единствениот пазар на ЕУ“, посочија од Дирекцијата.

Државите на Западен Балкан се на разчични нивоа на пристапување кон ЕУ, а Планот за раст има за цел да ги забрза нивните реформи и да ги подготви за моментот кога ќе станат членки на ЕУ. Албанија и Црна Гораизминативе месеци забрзано отвораат нови поглавја во пристапните преговори со цел да станат членки во 2028 година, додека Северна Македонија е условена со уставни измени со внесување на бугарското малцинство во Преамбулата за формално да ги почне преговорите со ЕУ.

Опозицијата критикува дека државата губи пари од Планот за раст, власта негира

Токму Планот за раст и реформската агенда која произлезе од него беа причина лидерот на најголемата опозициска партија СДСМ, Венко Филипче, да испрати критики кон македонската влада во пресрет на доаѓањето на Кос во Скопје.

Според него Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ „не покажала ниту волја ниту капацитет да ја реализира реформската агенда“.

„Рокот се проби – 43 милиони евра од Планот за раст пари наменети за реформи останаа неискористени. Не го ставија во функција ниту авансот од 52 милиони евра од Планот раст. Нула реформи, закони или проекти имаат министерствата за економија, правда и енергетика. Единствено Министерството за дигитализација има реализација, но и тоа благодарение на реформите подготвени уште во време на Владата на СДСМ“, вели Филипче.

Но, министерот за европски прашања Орхан Муртезани, пак, иако посочи дека процентот на имплементација на реформите во јуни ќе биде малку понизок од тој што бил во декември, смета дека парите што државата ги добива преку Планот за раст односно со исполнување на реформската агенда не се под закана. Тие ќе бидат под закана да се изгубат ако, како што рече, во дополнителниот рок од 12 месеци не се завршат успешно потребните реформи чиј првичен рок беше овој јуни.

„Тоа значи дека во јуни во 2026 година ќе бидат под ризик, бидејќи тогаш ќе ги изгубиме, но дотогаш средствата ќе ни бидат на располагање“, рече Муртезани.

Што содржи Планот за раст?

Планот за раст што Европскиот парламент и Советот на Европската унија го усогласија во мај 2024 година, а беше одобрен во октомври истата година е во вкупна вредност од шест милјарди евра. Тој опфаќа инвестиции и реформи на државите од Западен Балкан, како дел од реформската агенда 2024-2027 година.

Земјите ќе добијат еден дел од овој пакет во форма на грантови, а другиот дел во форма на поволни заеми.

За Северна Македонија се предвидени вкупно 750 милиони евра, доколку Владата успешно се придржува до реформите предвидени во реформската агенда кои самата ги вети пред европските институции.

Што ќе се случува во Скопје?

За Планот за раст, кој е главен фокус на Самитот ЕУ – Западен Балкан, според агендата утре ќе се дискутира на два одделни панели.

Премиерот Мицкоски и еврокомесарката Кос, како што е најавено, утре (1 јули) ќе имаат воведни обраќања на панел-дискусија за Планот за раст на Западен Балкан, а се очекува да одржат и заедничката прес-конференција.

На вториот панел, пак, е предвидено учество на министри од земјите од регионот и високи претставници на ЕУ, регионални организации и други меѓународни партнери. Тој ќе биде посветен на конкретни механизми и поддршка за спроведување на Планот за раст.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media









103news.com — быстрее, чем Я..., самые свежие и актуальные новости Вашего города — каждый день, каждый час с ежеминутным обновлением! Мгновенная публикация на языке оригинала, без модерации и без купюр в разделе Пользователи сайта 103news.com.

Как добавить свои новости в наши трансляции? Очень просто. Достаточно отправить заявку на наш электронный адрес mail@29ru.net с указанием адреса Вашей ленты новостей в формате RSS или подать заявку на включение Вашего сайта в наш каталог через форму. После модерации заявки в течении 24 часов Ваша лента новостей начнёт транслироваться в разделе Вашего города. Все новости в нашей ленте новостей отсортированы поминутно по времени публикации, которое указано напротив каждой новости справа также как и прямая ссылка на источник информации. Если у Вас есть интересные фото Вашего города или других населённых пунктов Вашего региона мы также готовы опубликовать их в разделе Вашего города в нашем каталоге региональных сайтов, который на сегодняшний день является самым большим региональным ресурсом, охватывающим все города не только России и Украины, но ещё и Белоруссии и Абхазии. Прислать фото можно здесь. Оперативно разместить свою новость в Вашем городе можно самостоятельно через форму.

Другие популярные новости дня сегодня


Новости 24/7 Все города России



Топ 10 новостей последнего часа



Rss.plus


Новости России







Rss.plus
Moscow.media


103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости




Спорт в России и мире



Новости Крыма на Sevpoisk.ru




Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России