Лавров:Русија не се противи на европската економска интеграција на Балканот
САД и низа земји од ЕУ се опседнати со задачата на уште едно „освојување на Балканот“, изјави министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров.
Сакаме да станеме центар на голема Евроазија
„Ние веќе се искажавме по повод вовлекувањето на Црна Гора во НАТО. Нашите западни колеги, пред сѐ САД и водечките земји на ЕУ, се опседнати со задачата од уште едно „освојување на Балканот“, рече Лавров. „Постојат планови на ЕУ за сметка на тоа. Има преговарачки процеси кои ги вклучуваат Србија, меѓу другото и Косово, Македонија, Црна Гора“.
„Ние немаме ништо против овие земји да станат дел од европската економска интеграција, немаме и не можеме да имаме“, истакна рускиот министер. „Тоа е природно, географијата предвидува единствени економски механизми, пазар, економски простор. Ние сме само за и се надеваме дека еден ден овој економски простор ќе се прошири и на останатиот дел од евроазискиот континент“, изјави Лавров, пренесува ТАСС.