МО на РФ ги проверува информациите за ликвидацијата на лидерот на ИД
„Според информацијата која се проверува преку различни канали, на состанокот (врз кој е извршен нападот од ВКС на Русија) присуствувал и лидерот на ИД Ибрахим Абу Бакр Ал Багдади, кој како резултат на нападот бил ликвидиран“, соопштува рускиот воен ресор на својата страница на „Фејсбук“.
Министерството за одбрана на Русија исто така потврдува дека при нападот на ВКС биле уништени високопоставени милитанти, кои биле дел од составот на „воениот совет“ на ИД, како и 30 теренски командири и до 300 милитанти од нивното лично обезбедување. Конкретно, меѓу ликвидираните се наведуваат „емирот“ на Рака Абу ал-Хаџи ал-Масри, Ибрахим Ан-Наефа ал-Хаџ, кој го контролирал реонот од Рака до Ес Сухна, и „началникот на службата за безбедност“ на ИД Сулејман Ал Шауах.
Генералштаб на Русија: Граѓанската војна во Сирија фактички запре
Информациите за состанокот на лидерите на ИД во јужните предградија на Рака Министерството за одбрана на Русија ги добило на крајот на мај. Се претпоставувало дека терористите ќе дискутираат за маршрутите за повлекување на милитантите од Рака преку таканаречениот јужен коридор. Нападот бил извршен ноќта на 28 мај, откако информациите за местото и времето на средбата биле потврдени со помош на дронови.
Ал Багдади (вистинското име му е Ибрахим Авад Ибрахим ал Бадри), првпат се појави во јавноста во јули 2014 година, кога од џамија во освоениот од ИД Мосул го објави создавањето на „исламскиот калифат“ на Блискиот Исток. Оттогаш медиумите во повеќе наврати објавуваа информации за негова ликвидација, но без потврда.
Истовремено медиумите соопштуваат дека водачите на ИД, кои избегале од Мосул и Рака, организирале „штаб“ во сириски Ел Мајадин, пренесува „Взгљад“.