„Гаспром“ и Унгарија се договорија за продолжување на „Турски тек“
Според унгарскиот министер, договорената траса е пореално решение од претходно разгледуваното – преку Романија или Хрватска.
Зошто во Европа повторно се зборува за Јужен тек?
Во моментов се планира Унгарија да биде приклучена на магистралата до крајот на 2019 година, пренесува „Взгљад“.
Во јуни беше соопштено дека Русија ги обновила преговорите со Унгарија и Србија за изградба на „Јужен тек“, иако Москва претходно во повеќе наврати изјави дека нема да се навраќа на тој проект.
Покрај тоа, беше соопштено и дека Бугарија смета на рускиот гас со кој, меѓу другото, се полни гасниот хаб финансиран од Европската комисија.