Московјани заштитија улични музичари од вработена во метрото
Жители на Москва им помогнаа на улични музичари до крај да го изведат својот настап покрај метро станицата „Медведково”, соопштува порталот tjournal.ru.
Музичари свиреа на неколку канти и неколку тапани и околу себе имаа собрано толпа заинтересирани минувачи. Една работничка во метрото им пријде и се обиде да ги спречи да продолжат да свират: им ја шутна едната канта и гласно побара од нив да се оддалечат. Потоа ѝ пријдоа неколку луѓе кои ја замолија да не го попречува настапот. Таа се согласи и музичарите продолжија.