Крим планира да ја зголеми површината на лозовите насади
Властите на Република Крим планираат за период од пет години да ја зголемат површината на лозови насади од сегашните 13 на 50 илјади хектари, изјави министерот за земјоделство на регионот Андреј Рјумшин, пренесува РИА „Новости“.
„Целта е поставена- Крим во наредните пет години би требало да има 50 илјади хектари лозови насади“, рече тој. Во моментов, површината на плодоносни насади во регионот изнесува 13 илјади хектари, додаде тој.
Кризата ќе ја измени винската карта на Русија
Рјумшин напомена дека во претходните години во регионот е садено во просек 500 хектари годишно. „Го исполнуваме индикаторот – до 500 хектари (лозја) годишно, но задачата е да се врши засадување од 5 до 10 илјади хектари (годишно). Постојат потребните земјишта, постојат кои се подготвени да се направат тоа, но ние имаме проблеми со садниците“, изјави министерот.
Тој смета дека решавањето на проблемите со садниците ќе овозможи создавање сопствени расадници. „За година-две планираме да направиме свои расадници (за одгледување на садници на винова лоза), рече Рјумшин.
Во советско време на Крим имаше повеќе од 100 илјади хектари лозови насади. За време на „украинскиот период“ полуостровот загуби две третини од своите лозја. Таквите загуби Министерството за земјоделството ги припишува на „нестабилната финансиска поддршка на секторот“.