Објавена последната верзија на предлог измените на Законот за медиуми
Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) ја објави последната верзија на Предлог - законот за именување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, како што наведуваат, пред таа да биде дел од владина процедура.
Според МИОА последната верзија е резултат заедничка работа на Владата и претставниците на медиумската сфера во Македонија и по добиените коментари на сите заинтересирани страни на Единствениот национален електронски регистар во период од 26 дена.
Од МИОА посочуваат дека во изминатите неколку месеци се остварени голем број средби и состаноци со сите заинтересирани страни и биле сослушани и разгледани мислењата на сите кои покажале интерес да се вклучат во процесот на подготовка на Предлог-законот.