Осум мигранти се удавија на брегот кај Либија
Најмалку 8 мигранти загинаа, а дузина беа спасени откако бродот во кој се превезувале потонал во близина на брегот на Либија. Италијанската крајбрежна стража соопшти дека го забележала бродот кој бил преоптоварен со мигранти при што биле спасени 84 лица.
Меѓународната организација за миграција соопшти дека во минатата година 3116 мигранти загинаа или исчезнаа додека се обидуваат да го преминат Средоземното море. Илјадници мигранти во исто време пристигнаа на бреговите на Италија и Грција.