ЕУ ја повика Белорусија да ја укине смртната казна
![ЕУ ја повика Белорусија да ја укине смртната казна](https://gdb.rferl.org/1F267CB3-AC38-4D05-9C0D-7004F2FBF1B3_cx0_cy2_cw0_w800_h450.jpg)
Европската унија остро ја критикуваше Белорусија за изречените смртни пресуди на двајца мажи, повторувајќи го својот повик до претседателот Александар Лукашенко да ја укине смртната казна.
Маја Коцијанчич - портпаролка на шефицата за надворешна политика на ЕУ Федерика Могерини, денеска изјави дека Судот во Минск во повторно судење на 20 јануари ги осудил на смрт Вјачаслау Сухарка и Александар Зилињау.
Двајцата во 2015 година биле обвинето за убиство на три лица и осудени на доживотен затвор. Но, во јули 2017 година Врховниот суд ја уважи жалбата на обвинителот и случајот беше испратен на повторно судење.
„Европската унија има силна и принципиелна позиција против смртната казна, која е сурова, нечовечка и деградирачка казна и прекршување на правото на живот“, рече Коцијанчич во соопштение.
ЕУ и групите за човекови права со години ја повикуваат Белорусија да се приклучи на глобалниот мораториум на смртната казна.