Милчин и АРТОПИЈА со „Ужегнатост“ како претстава за нашето време
![Милчин и АРТОПИЈА со „Ужегнатост“ како претстава за нашето време](https://gdb.rferl.org/B162002D-B880-49F5-924F-A5E8A2032021_cx0_cy13_cw0_w800_h450.jpg)
Работена по текст на чешкиот автор Иван Вискочил, а во режија на Владимир Милчин, „Ужегнатост“ е третата продукција на здружението АРТОПИЈА. Премиерата на претставата чија порака е дека недемократските режими се можни и повторливи е закажана за в среда, во Детскиот театарски центар, во Старата скопска чаршија.