Владата утврдила предлог-измени на Законот за лекови во делот на паралелен увоз
Владата на денешната седница го утврди Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските средства, кој се однесува на одредбите во делот на паралелниот увоз на лекови.
"Овој предлог за ново законско решение има цел обезбедување сигурни, квалитетни и безбедни лекови за потребите на пациентите во Република Македонија од паралелен увоз, обезбедување на лесно достапни податоци за лекот на надворешното пакување за здравствените работници, како и пофункционално и поефикасно работење на Комисијата за цените на лековите", наведуваат од владината прес-служба.
На предлог на Министерството за труд и социјална политика и на Министерството за здравство, Владата денеска јa разгледала и усвоила и Информацијата за ослободување од учество (партиципација) при користење здравствени услуги на лицата до 18 години возраст, чии семејства се корисници на правото на социјална парична помош.