Талибанците убиле заменик гувернер во Авганистан
Талибанците го убиле во заседа заменик гувернерот на источната авганистанска покраина Логар. Според полицијата, функционерот патувал за Кабул кога се случил нападот.
Се уште никој не преземи одговорност за нападот во кој тешко биле повредени и телохранителите на жртвата. Талибанците имаат контрола врз големи реони на покраината и често извршуваат напади врз авганистанските безбедносни сили.