Британија го осуди нападот на Иран врз израелските сили
Британскиот секретар за надворешни работи Борис Џонсон го осуди иранскиот ракетен напад врз израелските сили и ја повика земјата да се воздржи од идни акции кои би го дестабилизирале регионот.
Според него, Британија го поддржува правото на Израел да се одбрани. Џонсон порача дека е од клучно значење да се избегнат идни ескалации кои не се во ничиј интерес.