СДСМ реагира дека ВМРО-ДПМНЕ не може да зборува за јавен долг
„ВМРО-ДПМНЕ е синоним за тројно зголемен јавен долг и колапс на економијата. Затоа јавниот долг е висок, поради криминални политики на ВМРО-ДПМНЕ“, соопштуваат од СДСМ.
Според владејачката партија, со промените, долгот е стабилизиран поради, наведуваат, успешните економски политики на Владата. Од СДСМ посочуваат дека прв пат јавниот долг е намален од 48,5 проценти од БДП во 2016 година на 47,6 проценти од БДП во 2017година и забавен е растот на јавниот долг.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска предупреди дека „фискалната стратегија на министерството за финансии која го проектира долгот на државата до 2021 година е загрижувачка“.