Хоџај: УНМИК повеќе не му е потребен на Косово
Косовскиот вицепремиер Енвер Хоџај смета дека нема потреба од понатамошно присуство на мисијата на УНМИК во Косово, бидејќи, како што изјави, Косово е стабилно.
„Миротворците се потребни во зоните на судири, но постоењето на Унмик на Косово сега е непотребно, затоа што во земјата постои одржлива стабилност. Мисијата на Унмик би требало да заврши и нејзиниот буџет да се распредели на друго место“, објави Хоџај на Твитер.
Ова не е прва изјава на Хоџај дека мисијата на УНМИК треба да прекине.