Феми Кути - Музиката е јазикот на вселената
Она поради што сум толку многу среќен и поради што овој човек овде, Џијан Емин, го нарекувам „мој брат“ е тоа што тој влезе во мојата душа и таму најде нешто. Можеби и работи кои не сум ги почувствувал и самиот. Го грабна моето срце и заедно со оркестарот направи чиста екпресија. И затоа за него не чувствувам ништо друго освен љубов, почит и бескрајно сум му благодарен за она што го стори, вели славниот нигериски музичар и борец за човекови права Феми Кути во пресрет на престојниот концерт со Македонска филхармонија, в четврток на 7 јуни во скопскиот Градски парк.