САД го напуштаат Советот за човекови права на ОН?
![САД го напуштаат Советот за човекови права на ОН?](https://gdb.rferl.org/00358F87-09D0-4592-931D-4C63347AFC69_w800_h450.jpg)
Американски медиуми тврдат дека САД се подготвени да се откажат од Советот за човекови права на ОН поради тоа што сметаат оти организацијата е против Израел. САД се жалеа оти Израел е единствената земја во светот за која се расправа на секоја седница на советот, при што дипломати и Вашингтон се откажале од обидите да прекине таквата пракса.
Никогаш во 12 годишната пракса на Советот за човекови права кој има задача да ги истражува злоупотребите и прекршувањата на човековите права една членка доброволно не ја напуштила организацијата. Советот кој има 47 земји членки ја отвора втората седница на 18 јуни.