Турција е членка на НАТО, а купува оружје од Русија
Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу најави дека Турција до крајот на годинава очекува испорака на напредни руски противвиздушни системи Ц-400, по што реагираа САД и ѝ се заканија со санкции на Анкара, бидејќи Турција е членка на НАТО, а купува оружје од Русија.
Чавушоглу на маргините на самитот на НАТО кој се одржува во Брисел, истакна дека Турција има право да се брани со противвоздушни системи кои самата ќе ги избере. САД, пак, сметаат дека Анкара треба да купи ракетни системи „компатибилни со стандардите на НАТО“.