Пандели Мајко: Од 1 јануари нема да има граница меѓу Косово и Албанија
Од 1 јануари 2019 година меѓу Косово и Албанија нема да има граница, изјави албанскиот министер за дијаспора, Пандели Мајко и додаде дека албанскиот премиер Еди Рама веќе донел таква одлука.
„Границата меѓу Албанија и Косово треба да се отвори и премиерот ми рече дека одлуката веќе ја донел и дека од 1 јануари започнува слободното движење меѓу Албанија и Косово“, рече Мајко во градот Скендерај, во централно Косово, од манифестација посветена на косовската дијаспора.
На манифестацијата во Скендерај, присуствуваа и премиерот на Косово, Рамуш Харадинај и претседателот Хашим Тачи, но, како што јавија косовските медиуми, ниту еден од нив не ја коментирал изјавата на министерот Мајко.