Активисти во Москва бараат ослободување на украинскиот режисер Сенцов
Голем банер, на кој се бара итно ослободување на украинскиот режисер Олег Сенцов кој штрајкува со град, како и на други политички затвореници во Русија, е прикажан во центарот на Москва.
Непознати активисти денеска го поставија банерот на Кримскиот мост преку реката Москва, на 87-ден од штрајкот со глад на Сенцов.
Адвокатот на Сенцов, Дмитриј Динзе, изјави дека откако го посетил неговиот клиент на 7 август, имал изгубено 30 килограми, нивото на хемоглобин му било многу ниско што резултирало со анемија и слабо отчукување на срцето со околу 40 отчукувања во минута.
Сенцов, кој е гласен противник на руската анексија на Крим во 2014 година, боше осуден во 2015 година за заговор за извршување на терористички дејствија, обвиненија за кои тој и групите за човекови права сметаат дека се политички мотивирани.