Најмалку 30 жртви и многу повредени по уривањето на мост во Џенова
Италијанскиот вицепремиер Матео Саивини изјави денеска дека најмалку 30 лица загинале, а многу други се сериозно повредени откако дел од мост од автопат се урна во близина на градот Џенова за време на денешна силна бура, оставајќи уништени автомобили под урнатините.
Шефот на агенцијата за цивилна заштита Анџело Борели истакна дека сите жртви најверојатно биле во нивните автомобили кога се случила несреќата. Според него, во моментот на мостот се наоѓале околу 35 до 40 автомобили и камиони. Структурната слабост на мостот е најверојатно причина која довела до негово уривање. Мостот бил долг околу 80 метри и бил изграден во 60-тите години.