Напад врз разузнавачката агенција во Кабул
Вооружени лица извршија напад врз авганистанскиот тренинг центар за разузнавање во Кабул, велат официјални претставници. Полицискиот службеник Абдул Рахман денеска изјави дека напаѓачите биле затворени во зграда во близина на комплекс набљудуван од Директоратот за национална безбедност во западна населба на авганистанскиот главен град.
Тој рече дека напаѓачите пукале во објектот и не било веднаш јасно колкав бил нивниот број. Портпаролот на полицијата во Кабул Хашмат Станекзаи изјави дека напаѓачите пукале со ракетни гранати и со друго оружје.
Специјални единици пристигнале на местото, според портпаролот на Министерството за внатрешни работи Насрат Рахими.
Засега нема информации за жртви или одговорност за нападот, кој доаѓа еден ден откако во напад на бомбаш самоубиец во шиитска населба во Кабул загинаа 34 луѓе и 56 беа повредени. Талибанците негираа вмешаност во нападот.