Продолжува рочиштето за „крвавиот четврток„
Со сослушување на сведокот Енес Ибраими, денеска продолжи судскиот процес за случувањата во Собранието на 27 април минатата година. За денеска закажано е сведочење и на Хари Локвенец, Петар Атанасов, Енес Ибраими и Катерина Кузмановска откако на минатото рочиште сведочеа поранешниот пратеник Никола Тодоров, пратеникот Весел Мемеди, премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Во случајот обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 за терористичко загрозување на уставниот поредок, а две лица за помагање на делото. Ти пред судот кажаа дека го разбираат обвинението, но оти не се чувствуваат виновни. Претседател на Судскиот совет е судијката Добрила Кацарска, а обвинителството го застапува Вилма Рускоска.