Парада на гордоста во Белград
![Парада на гордоста во Белград](https://gdb.rferl.org/AC570637-6FDC-473D-822C-9E1F158EB3D2_cx0_cy9_cw0_w800_h450.jpg)
Активисти и поддржувачи на ЛГБТИ заедницата се очекува денеска да одржат парада на гордоста во центарот на Белград во услови на зголемено полициско обезбедување.
Парадата е дел од белградската недела на гордоста на која ќе бидат прикажани филмови, изложби, а ќе се одржат и конференции и дебати. Организаторите на настанот под слоганот „Кажи да“ ќе соопштат и низа барања до Владата за остварување на правата на ЛГБТИ заедницата.