Столтенберг од утре во посета на Србија
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг од утре е во посета на Србија, каде ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ и со премиерката Ана Брнабиќ, а ќе учествува и на Белградскиот безбедносен форум, што ќе се одржи в понеделник. Столтенбер со Вучиќ ќе разговара за развојот на односите меѓу Србија и НАТО, за областите во кои постои најголем потенцијал за поблиска меѓусебна соработка и се практичните придобивки за српските граѓани и за регионот од таа соработка.