Има доволно докази за корупција на Нетанјаху, тврди израелската полиција
![Има доволно докази за корупција на Нетанјаху, тврди израелската полиција](https://gdb.rferl.org/42E4663A-7C45-47D2-869E-E2D6AA039CF0_cx0_cy25_cw74_w800_h450.jpg)
Израелската полиција денеска соопшти дека пронашла доволно докази против премиерот Бенјамин Нетанјаху и неговата сопруга во третиот случај за корупција, што се води против него, објавија светските новински агенции.
Властите сметаат дека Нетанјаху пружал „регулаторни услуги“ на „Безек телеком“, а за возврат добивал поволни извештаи за себе и сопругата на сајтот „Вала“, кој е во сопственост на телекомуникациската компанија.
Нетанјаху негира дека е виновен.