Заев: Не се точни наводите за смена на Лика и Бектеши
Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека наводите за смена на вицепремиерот Хазби Лика и министерот за економија Крашник Бектеши не се точни.
„Во една политичка влада е нормално една партија да повлекува свои кадри, но за тоа треба да ме известат мене како мандатар. Јас за такво нешто не сум известен, што значи дека тие наводи не се точни“, изјави Заев на денешната прес-конференција.
Премиерот додаде дека „е задоволен од работата на министерот Бектеши, но не можел да биде задоволен од некого што не доаѓа на работа“.