Снегот го поремети сообраќајот на Алпите, неколкумина загинати
Властите во јужна Германија, Австрија и во Швајцарија денеска затворија патишта и одредени железнички линии поради силниот снег во областа на Алпите.
Германската новинска агенција ДПА јави дека 44-годишен човек загинал во Вакерсберг во Баварија кога врз него паднале гранки под тежината на снегот. Тројца скијачи во Австрија и една жена во Баварија умрена во несреќи поврзани со временските непогоди за време на викендот.
Надлежните предупредуваат на висок ризик од лавини на северниот дел на Алпите.
Поради опасност од лавини, алпскиот пат Хокар и целата скијачка област во Долна Австрија се затворени. Мештаните и посетителите се замолени да ја напуштат областа до крајот на денот. Во германската покраина Баварија, властите мораа да затворат патишта и поедини железнички линии поради големиот снег. Во делови од јужна Баварија и во австриската област Штајермарк, училиштата и денеска се затворени поради невремето.