Успешно заврши спасувачката операција во Пирин
![Успешно заврши спасувачката операција во Пирин](https://gdb.rferl.org/621078C1-FF9C-49C4-9427-46B7FA1D2D00_cx45_cy0_cw55_w800_h450.jpg)
Операцијата за спасување на петтемина македонски скијачи и сноубордери, кои на Пирин скијале надвор од назначени локации и при тоа паднале во провалија, успешно е завршена, соопшти Планинската спасувачка служба. Операцијата за спасување се одвиваше синоќа во Пирин во Дамјанишката долина. Сигналот за помош бил доставен до Планинската спасувачка служба во Банско, а во акцијата за спасување учествувале десет спасители. Скијачите и сноубордистите се во добра состојба.