Македонскиот „Медена земја“ ќе го заблажи фестивалот „Санденс“
![Македонскиот „Медена земја“ ќе го заблажи фестивалот „Санденс“](https://gdb.rferl.org/A8677762-8441-4114-B5D8-654E94EE8A0D_cx0_cy1_cw0_w800_h450.jpg)
На 28 јануари, на 38-то издание на престижниот филмски фестивал „Санденс“, ќе се случи светската премиера на македонскиот документарец „Медена земја“ („Honeyland“). Приказната за последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа е во официјална конкуренција со уште 11 други дела од целиот свет.