Времето облачно со дожд и снег
![Времето облачно со дожд и снег](https://gdb.rferl.org/44BAC722-9C13-423D-BBB2-9D32B5AE139F_w800_h450.jpg)
Во Македонија времето денеска ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд и снег на пониските места, а снег на повисоките места и на планините. Врнежите ќе бидат пообилни претпладне, особено во источните делови. Вкупната количина на воден талог локално ќе надмине 30литри на м2.
Попладне облачноста делумно ќе се намали и врнежите постепено ќе престануваат. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец.
Температурата ќе се движи од 0 до 8 степени.