Договорот од Преспа е дипломатија за пример, оценил германскиот претседател Штајнмаер
![Договорот од Преспа е дипломатија за пример, оценил германскиот претседател Штајнмаер](https://gdb.rferl.org/06F71871-0607-446F-97E5-57DC83A2846E_cx0_cy10_cw0_w800_h450.jpg)
Премиерот Зоран Заев и германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер во телефонски разговор ја констатирале историската важност на Договорот од Преспа, како за нашата земја, така и за регионот и Европа, соопшти владината прес-служба.
„Премиерот Заев се заблагодари на претседателот Штајнмаер за поддршката што Сојузна Република Германија ја пружи за време на целокупниот процес на создавање на Договорот од Преспа, како и за поддршката која претседателот ја дава за ратификација на протоколот за членство на нашата земја во НАТО“, се наведува во соопштението.
Според владината прес-служба, претседателот Штајнмаер во разговорот ги поздравил дипломатијата и дипломатскиот пример кои „премиерот Заев ги дава за регионот и за Европа“, оценувајќи ги како прогресивна вредност за целиот свет.