Владата нема да дава мислење за законот за пазари
Владата на денешната седница донела одлука да не дава мислење за Предлог-законот за престанување на важење на Законот за трговија на зелени пазари, бидејќи веќе е донесена одлука со која се предвидува пролонгирање на рокот за влегување на сила на законот за јануари 2020 година.
Како што соопшти владината прес-служба, Владата веќе има формирано работна група за подготвување нов предлог Законот за трговија на зелени пазари во која членуваат и претставници на здружението на трговците на зелени пазари и постои цврста политичка определба
дека конечното решение ќе биде и во интерес на нивна заштита
Пазарџиите вчера уште еднаш се заканија ако не се прифати нивното барање за укинување на Законот, тие ќе стапат во генерален штрајк на сите зелени пазари.
Минатиот месец пратениците изгласаа да се одложи примената на Законот за трговија на зелени пазари за една година. За одложување на законот гласаа 57 пратеници, а 12 беа против. Меѓутоа пазарџиите не ја прифаија одлуката за одложување туку бараат укинување.