Епидемијата со морбили руши рекорди
Рекорден број на новозаболени од морбили забележуваат епидемиолозите. За една недела се регистрирани 126 луѓе заболени со мали сипаници. Според податоците на институтот за јавно здравје половина се од главниот град, додека другите се од внатрешноста на земјава. Најголем дел од децата заразени со морбили се хоспитализирани на Детската клинка во Скопје. Меѓу заразени со мали сипаници има и здравствени работници.