Дармановиќ: Извесно е дека Црна Гора е следната членка на ЕУ
Црногорскиот министер за надворешни работи Срѓан Дармановиќ синоќа изјави дека очекува позитивен извештај од Европска Комисија за напредокот на земјата кон Европска Унија. Тој додаде дека очекува оти Црна Гора ќе биде следната членка на Унијата, затоа што, како што вели, Подгорица е апсолутен лидер во регионот во европските интеграции.